Останати спортови

Шарапова: Нема да ме сопрете!

По бројните критики што стигнаа на сметка на Марија Шарапова по допинг аферата и нејзиното враќање на тениските терени, руската тенисерка преку социјалните мрежи порача дека никој нема да ја сопре во остварувањето на нејзините соништа.

Никој нема да ме сопре да ги остварам своите соништа, а тие се многу. Знам дека одам по добар пат и тоа ме прави посилна, напиша Шарапова.