Останати спортови

Седум Македонци на Фудокан карате купот во Австрија

Македонија ќе има седум претставници на европскиот  Фудокан карате куп за сениори, јуниори, кадети и деца што ќе се одржи претстојниот викенд во Виена, Австрија.

fudokan karate

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе настапи во следниот состав: Дејан Недев, Аљоша Недев, Јадранка Недева, Ведран Андоновски, Димитри Влахо, Иван Трпковски и Гоце Гроздан.

Натпреварите ќе се одржат по ИТКФ правила во сите натпреварувачки дисциплини во традиционалното карате.