Останати спортови

Се отвора новата сезона во „Арт Картинг Центар“ кај СЦ „Борис Трајковски“

Стартуваше новата сезона во ART Karting Centar, кој е лоциран во кругот на спортскиот комплекс “Борис Трајковски“ во Скопје има многу што да понуди.

 

karting

Kартинзите во Арт Картинг Центар се најнов модел од брендот Содикарт, светски лидер во картинг индустрија, бренд присутен на пет континенти кој нуди уникатен спектар на производи и услуги за картинг активности.

Оваа картинг патека долга 500 метри воопшто не заостанува зад картинг патеките во Дубаи, Катар, Белгија, Франција, Италија. Напротив станува збор за идентична орема како во овие професионални светски картодроми.

Тие се со 11 коњски сили и развиваат брзина над 90 километри на час, што е многу повеќе од претхпдните карт возила. Во фаза на набавка се и две возила наменети за деца. Предноста на овие возила е и тоа што даваат можност за подесување на седиштето и педалата, односно максимална персонализација на возилото што од друга страна овозможува максимален конфор и удобност на возењето.

Не само инфраструктурата, туку и софтверот кој сти во позадина во Арт Картинг Центар е според на најновите светски трендови. Во овој картинг центар мерењето на брзината на возење се мери со софистицирана опрема за мерење на брзината каква што користи и Формула 1. Секој круг кој ќе го возите во Арт Картинг Центар се мери и зачувува и дава можност да се натпреварувате сами со себе и да следите како напредувате со тек на време. А тоа може да биде голема мотивација за љубителите на картинг!