Останати спортови

Рим даде „зелено светло“ за изградба на новиот стадион на Рома

Новиот стадион на Рома наскоро може да започне со изградбата. По состанокот помеѓу претставниците на клубот и заменик-градоначалникот на Рим, Лука Бергамо дефинитивно падна договор.

Општината даде „зелено светло“ за почеток на проектот во „Тор ди Вале“. Официјално дозволата од општината да биде доделена во следниот месец.

Изградбата на објкетот ќе чини околу 1,6 милијарди евра, капацитет ќе биде 52.500 места со можност за проширување до 60.000, а дизајнот е инспириран од Колосеум.