Останати спортови

Раиконен: Не е се завршено

Возачот на Ферари, Кими Раиконен верува дека неговиот тим се уште има шанси да се бори за титулата во Шампионатот во Формула 1.

Иако Мерцедес по минатонеделната трка во Сингапур ја зголеми бодовната предност, Раиконен е оптимист.

– Во медиумите беа изнесени ставови дека веќе е тешко да се бориме за титулата. Ние не мислиме така. Секогаш одиме со нови сили за следната трка – нов викенд, нова битка, нов напад. Ќе направиме се што можеме да покажеме дека имаме сили за врвот, изјави Финецот кој вози во болидот на Ферари.

На последната Ф1 трка одржана во неделата во Сингапур, двата болида на Ферари не ја завршија трката по судирот на самиот старт, а тоа го искористи ривалот Мерцедес.

Во пласманот на конструктори лидер е Мерцедес со 475 бода, пред Ферари со 373, Ред Бул има 230, Форс Индија 124,…

Кај возачите води Луис Хамилтон (Мерцедес) со 263 бода, Фетел (Ферари) има 235, Валтери Ботас (Мерцедес) 212, Даниел Рикардо (Ред Бул) 162, Раиконен 138,…

Следната трка е закажана за 1 октомври во Куала Лумпур, за Големата награда на Малезија.