Останати спортови

Позната состојбата на повредените во страшниот инцидент на трките во Скопје

Страшен инцидент ги прекина кружните трки, кои прв пат по пауза од седум години повторно беа организирани во Скопје, повредените во инцидентот беа итно префрлени во болница и што е најдобро се надвор од животна опасност.

 

Хрватот Бркиќ кој возеше Хонда Сивик изгуби контрола во седмиот круг и притоа буквално го покоси Александар Димушевски, кој инаку е еден од организаторите на трката. Тој итно беше префрлен во болница и според последните информации неговата состојба е добра и тој е надвор од животна опасност.

Поради инцидентот на кој настрада еден од повредените, трките беа прекинати. Овој инцидент остави дамка на трките кои на голема радост на фановите на мото спортот се вратија во Скопје после седум години.