Останати спортови

По Ѓоковиќ и Мареј го откажа учеството на мастерсот во Мајами

Претстојниот Мастерс-турнир во Мајами ќе биде значително ослабен откако првиот светски рекет, Енди Мареј, обелодени дека поради повреда на лакотот нема да може да настапи на ова натпреварување.

marej

-За жал, поради повреда на лакотот на десната рака нема да можам да играм во Мајами. Искрено жалам и им се извинувам на моите фанови, турнирот во Мајами ми е еден од омилените, порача Мареј.

По се изгледа турнирот во Мајами ќе го пропушти и Новак Ѓоковиќ поради исти проблеми, па во една таква ситуација прв носител ќе биде Стен Вавринка, пред Кеи Нишикори.