Останати спортови

Пиргановски и Стоилковска победници на турнирот во Зелен тенис

Викендов на терените на „Теннис Парк” при Спортскиот Центар „Јане Сандански” се одигра турнир во Зелен тенис за јуниори и јуниорки до 11 години. Турнирот започна в сабота (11.03.2017), а финалните мечеви се одиграа во понеделник (13.03.2017). Во машка категорија првото место го освои Петар Пиргановски, додека пак во женска категорија Миа Стоилковска беше победник.

Воедно ве информираме дека покрај своите терени Теннис Парк располага и со кафе-бар кој е идеално место за работна пауза, состаноци, средба со блиските или пак роденденски забави. Кафе-барот „Теннис Парк” се наоѓа веднаш до кејот на реката Вардар и е одличен избор за опуштање по прошетка на кејот.

1tenis

Во мини паркот кој е дел од кафе-барот, децата може да се анимираат со играчките и лулашките.

Посетете нé и уверете се зошто кафе-барот „Теннис Парк” е одличен избор да се релаксирате.