Останати спортови

Пингпонгарката Ана Стојановска се подготвува за младинска Олимпијада 2018

Пингпонгарката и репрезентативка на Македонија од Пингпонгарски клуб „Крива Паланка“, Ана Стојановска е единствен државен претставник во женска конкуренција, која се подготвува за квалификацискиот турнир за Младинските Олимписки игри 2018.

– Ана Стојановска од Пингпонгарски клуб Крива Паланка и Пингпонгарот на „Младост 96”- Прилеп, Александар Рикалоски се единствените државни репрезенти кои учествуваат на подготовките за квалификацискиот турнир за пласман на младинска Олимпијада 2018. Подготвителните тренизни и натпревари се одржуваат во Зрењанин, Република Србија, каде Стојановска работи со најдобрите европски тренери од Војводина. Подготовките траат од 19-ти до 24-ти месецов, а се очекува да ги усовршат докажано добрите спортски перформанси на Стојановска, за што подобар настап на квалификациите во Сплит, Република Хрватска, за пласман на младински Олимписки игри, информираат од ППК „Крива Паланка“.

На четиридневните квалификациски средби од 2 – 5 ноември во Сплит секоја земја ќе настапи со по еден претставник во машка, односно женска конкуренција, а пријавени се 32 млади пингпонгари од кои четворицата најдобропласирани ќе изборат учество на младинските Олимписките игри кои во 2018 година ќе се одржат во Буенос Аирес, Аргентина.