Останати спортови

Oтворено првенство на Македонија во Зелен Тенис во ТК Теннис Парк

Македонската Тениска Федерација ги поканува сите јуниори и јуниорки до 11 години да се пријават на Отвореното првенство во тенис на Македонија кое ќе се одржи во ТК „Теннис Парк” при СЦ „Јане Сандански”.

tenis

Првенството ќе се одржи од 11-13.03.2017, на земјените терени покриени со балон. Комплетната листа на учесници ќе биде објавена во петок (10.03.2017) до 09:30 часот на страната на МТФ (www.mtftennis.mk).

Турнирот започнува во сабота (11.03.2017) во 10:00ч.

Ги покануваме сите љубители на тенисот да дојдат и да ги проследат натпреварите, а потоа да се релаксираат во опуштена атмосфера во кафе-бар „Теннис Парк” кој е лоциран веднаш до терените, покрај реката Вардар.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.scjanesandanski.mk, или следете нè на Facebook иInstagram.