Останати спортови

Отворено државното првенство во одбојка за жени за средни училишта

Во спортската сала во Гимназијата „Јосип Броз Тито” во Битола, денеска свечено беше отворено државното првенство во одбојка за жени за средни училишта, кое се организира во рамките на државните училишни спортски игри.

odbojka

Манифестацијата ја отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески кој на учесниците им посака во фер и коректна атмосфера да победат најдобрите.

-Агенцијата за млади и спорт и Владата посветуваат сериозно внимание на развојот на училишниот спорт и во таа насока, АМС секоја година доделува по 500 стипендии за млади и талентирани спортисти до 20 години, а најдобрите од училишните спортски игри се наградуваат со еднонеделна посета на Училишниот спортски камп, кој секоја година се организира во познато туристичко место, каде учениците имаат можност да се дружат со нивните спортски идоли, изјави директорот Спасески, порачувајќи им на учениците напорно да работат и тренираат, бидејќи за да се биде успешен во спортот неопходна е упорност, волја и многу работа.

На првенството учествуваат преку 70 ученички од сите региони во државата, а за најдобрите е обезбедено учество на летниот училишен спортски камп.