Останати спортови

Новиот член во семејството пречка за Новак: Ѓоковиќ нема да игра на УС Опен

Вториот светски рекет Новак Ѓоковиќ нема да настапи оваа година на последниот Гренд слем во сезоната, УС Опен.

Таквата одлука е донесена бидејќи во тој период треба да се породи неговата сопруга Јелена со нивното второ дете. Крајниот рок за породување а крајот на август или почетокот на септември што целосно се вклопува со терминот за УС Опен.

Од натпреварувачки аспект, тоа ќе биде голем удар за Ѓоковиќ бидејќи не само што нема да се бори за нова Гренд слем титула во кариерата, туку и ќе загуби 1.200 бода што ги брани од ланското финале. Пред турнирот во Њујорк, на АТП календарот се двата Мастерси што се играат на американскиот континент и тоа оној во Синсинати од 7 до 13 август и во Монтреал од 14 до 20 август. УС Опен стартува на 28 август и ќе се игра до 10 септември.