сабота, 20. јануари 2018. Вести денес: 2
home Останати спортови

“Не сакам да носам хиџаб”: Светската шампионка со остра осуда си ја ризикува кариерата

“Не сакам да носам хиџаб”: Светската шампионка со остра осуда си ја ризикува кариерата

Украинската шахистка Ана Музичук (27), двојна светска шампионка, на својот Фејсбук профил ја потврди својата претходна одлука дека одбива да учествува на Светското првенство во брзопотезен шах во Саудиска Арабија, поради кршење на човековите и женските права.

„Во неколку дена ќе ги загубам двете титули на светски првак затоа што решив да не отпатувам во Саудиска Арабија. Само поради тоа што не сакам да играм според нечии правила, односно затоа што не сакам да носам хиџаб и абаја и притоа да се чувствувам како секундарно битие“, напишала Музичук, остро осудувајќи ја ваквата дискриминација.

Таа минатиот месец ја најави својата одлука откако Светската шаховска федерација (FIDE) објави дека Саудиска Арабија стекнала домаќински статус за претстојното Светско првенство.

„И покрај рекордниот награден фонд, јас нема да играм што значи дека ќе ги изгубам двете титули. Меѓутоа, постојат граници. Да го ризикувам својот живот и да носам абаја цело време? Покривањето на главата со марама во Иран беше доволно“, напишала Украинката минатиот месец.

Во Саудиска Арабија жените треба да бидат облечени во абаја, вид на наметка која се навлекува преку друга облека.

“Пред точно една година бев најсреќната личност во шаховскиот свет, но денес се чувствувам навистина лошо. Спремна сум да ги бранам своите принципи, дури и по цена на пропуштање на натпревар на кој би заработила многу повеќе од неколку турнири заедно”, нагласила Ана, знаејќи дека наградниот фонд за жени изнесува помеѓу 80 и 250 илјади долари.

Во својата објава таа истакнала дека најмногу ја вознемирува тоа што “никој не се грижи за укинување на овие права”.

“Чувството е навистина лошо, но тоа не е доволно за да се откажам од своите начела. Идентична е ситуацијата и со мојата сестра која се откажа од Светското првенство во Иран, но среќна сум што го делиме истиот став. И да, за оние малубројните кои се грижат за нас, ќе се вратиме!”, напишала Музичук.