Останати спортови

Натпревари во арената Јане Сандански за оваа недела

Оваа недела во арената „Јане Сандански“ ќе проследиме два натпревари, и тоа на машкиот и женскиот тим на Вардар.

Двата натпревари се од Лигата на шампионите.

Во сабота (11.03.2017) од 17:30 часот, женскиот тим се среќава со Турингер.

Во недела (12.03.2017) од 17:30 часот, машкиот тим на Вардар игра против тимот на Кристијанштад.

Карти може да купите на билетарата при СЦ „Јане Сандански” секој ден од 10:00-18:00 часот.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.scjanesandanski.mk, или следете нè на Facebook иInstagram.