Останати спортови

Најмладите пливачи од ПК БЕТА постигнаа голем успех на XIII пливачки митинг – Немо куп

Изминатиот викенд на Олимпискиот базен во Скопје по тринаесетти пат се одржа пливачкиот митинг “Немо КУП” во организација на ПК Делфин од Скопје.

И на овој пливачки митинг македонските пливачи соборија три државни рекорди и тоа:

-Миа Крстевска (16 години) од пливачкиот клуб ОРИОН во дисциплината 200 метри грбно исплива време 2:22.23 со што  постави нов сениорски и младински рекорд во 50 метарски базени

-Миа Крстевска (16 години) од пливачкиот клуб ОРИОН во дисциплината 100 метри грбно исплива време 1:07.14 со што  постави нов младински рекорд во 50 метарски базени

-Миа Блажевска Еминова (12 години) од пливачкиот клуб БЕТА во дисциплината 50 метри грбно исплива време 33.71 секунди со што постави државен рекорд за постари пионери и кадети во 50 метарски базени

Пливачите на пливачкиот клуб БЕТА предводени од својот тренер Илија Стојановски беа најуспешни во своите категории:

-Миа Блажевска Еминова (12 години) со освоени 2036 ФИНА бодови од четири најдобро испливани дисциплини е најуспешена во во категорија 2005 и 2006 година за што освои пехар.

-Ива Китановиќ (10 години) со освоени пет златни медали и освоени 1251 ФИНА бодови од четири најдобро испливани дисциплини е најуспешена во категорија 2007 и 2008 година за што освои пехар.

-Мартин Стефановски (10 години) со освоени четири златни и еден сребрен медал и освоени 926 ФИНА бодови од четири најдобро испливани дисциплини е најуспешен во во категорија 2007 и 2008 година за што освои пехар.

-Сара Анастасовска (8 години) со освоени еден сребрен и два бронзени медали и освоени 521 ФИНА бодови од четири најдобро испливани дисциплини е најуспешена во категорија 2009 година и помлади за што освои пехар.

Со беспрекорна организација настапија 555 пливачи од Македонија, Турција, Србија, Бугарија, Албанија, Косово, а трибините на Олимпискиот базен во Скопје на моменти беа претесни да ги примат сите љубители на пливањето, што особено треба да радува, но и да претставува потстрек за поддршка на овој помалку запоставен спорт кој очигледно има голема перспектива.