Останати спортови

Надал нема да настапи на турнирот во Базел- еве ја причината

Најдобриот тенисер на АТП листата, Рафаел Надал, денес ги изненади своите фанови, откако објави дека нема да настапи на турнирот во Базел, кој на програмата е следната седмица. Причината за оваа одлука на Шпанецот е неговата незгодна повреда на коленото.

-По консултацијата со мојот лекарски тим донесов одлука да не настапам на следниот турнир во Базел. Коленото ми трпи голем притисок и морам да паузирам одреден период. Жалам што нема да бидам дел од овој прекрасен турнир, објави Надал.

Надал пред три дена по пауза од 16 победи во низа, конечно беше поразен и тоа до својот најголем ривал, Федерер, во финалето на Мастерсот во Шангај.