Останати спортови

Нада: Не можам да ја замислам Шпанија без Каталонија

Тенисерот Рафаел Надал изјави дека неговиот англиски не дозволува на најдобар начин да опише како се чувствува по прашањето за каталонскиот референдум за самостојност.

Тој реле дека не може да ја замисли Шпанија без Каталонија и обратно.

-Не сакам тоа да го видам, но тоа нешто што се случува. Сакам двете страни сериозно да расправаат за овој проблем и да најдат најдобро решение. Верувам дека тоа го мисли и мнозинството во Шпанија, не ни требаат судири и проблеми зашто заедно сме подобри и посилни, изјави Надал кој е роден во Мајорка, а моментно е во Прага на егзибиционален турнир.