Останати спортови

Мугуруза 24-та тенисерка на врвот на ВТА листата

Шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза од понеделник ќе го преземе првото место на ВТА листата и покрај поразот во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД.

Актуелната шампионка од Вимблдон ќе биде 24. тенисерка која се искачила на првото место на светската ранг листа.

Мугуруза во моментов е на 3.место на ВТА, но поразот на водечката Каролина Плишкова во четвртфиналето на УС Опен ќе и овозможи на Шпанката да избие на врвот.

ВТА-ранг листата се води од 1975 година. Оваа година на првото место беа Анџелик Кербер од Германија и Плишкова (Чешка).