Останати спортови

Маркез дојде до посакуваниот триумф- победи на Мисано

Шпанскиот Мото ГП возач Марк Маркез е победник на трката за ГН на Сан Марино која се возеше на патеката „Мисано“.

 

Маркез дојде до посакуваниот триумф по борбата со Данило Петручи од Дукати кој не се предаваше на дождливаа патека и притискаше за првото место до самиот финиш.

Покрај Петручи, на пиедесталот место избори и Андреа Довициозо кој остана сериозно во борба за титулата, но сега е израмнет на лидерската позиција со Маркез кој денеска надокнади девет бода во генералниот пласман.

Четвртата позиција на „Мисано“ му припадна на Маверик Вињалес од Јамаха, додека по него следеа Мишел Пиро (Дукати), Џек Милер (Хонда), Скот Рединг (Дукати), Алекс Ринс (Сузуки), Џонас Фолгер (Јамаха) и Бредли Смит (КТМ).

Маркез поради победата во Сан Марино се искачи на првото место во генералниот пласман со 199 бода, исто колку и Довициозо кој со 199 е на второто место. Третата позиција му припаѓа на Марк Вињалес со 183 бода.

Само за потсетување, денеска поради тешка повреда на ногата не возеше Валентино Роси, а неговиот колега Маверик Вињалес се избори само за четврто место со неговата Јамаха.