Останати спортови

Мареј надвор од терените до крајот на годината

Британскиот тенисер Енди Мареј изјави дека најверојатно нема да се врати на тениските терени до крајот на годината поради повредa на колкот.

 

Вториот светски рекет веќе ги пропушти Мастерс турнирите во Монтреал и Синсинати, како и Грен слемот УС Опен кој е во тек.

– За жал нема да бидам во можност да се натпреварувам во Пекинг и во Шангај, а најверојатно и на последните два турнира во сезоната, во Виена и во Париз. Сето тоа е предизвикано од повредата на колкот која ме мачи во последните месеци. иако зад мене е година на фрустрации на теренот од многу причини, уверен сум дека ќе с евратам повторно на врвно ниво, изјави Mареј.

Вториот светски рекет во моментов, дополни дека првиот следен турнир на кој ќе игра е во Бризбејн, наредната година.