Останати спортови

Македонски каратисти претстојниот викенд на семинар во Штутгарт

Во организација на Германската традиционална карате федерација утре и задутре во Штутгарт, Германија ќе се одржи ИТКФ Европски карате семинар со легендарниот карате мајстор Сенсеи Хироши Шираи 10 дан, Претседател на ИТКФ-Шиханкаи.

karate

На овој врвен карате семинар од Македонија ќе учествуваат повеќе каратисти од неколку карате клубови членки на МТКФ предводени од најдобриот македонски каратист Дејан Недев.

Сенсеи Шираи е најдобриот ученик на творецот на традиционалното карате во светот Сенсеи Хидетака Нишијама, кој во 1962 година станува севкупен шампион на Јапонија во ката и кумите во организација на Јапонската Карате Асоциација. Тој е еден од најголемите карате инструктори во светот кој повеќе од 50 години  го шири Шотокан карате стилот низ целиот светот.