Останати спортови

Македонија ги доби противниците во квалификациите за ЕП во одбојка

Македонската одбојкарска репрезентација денеска ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2019 година.

„Спартанците“ се во Ф групата заедно со Украина, Унгарија и Швајцарија.

На еврошампионатот ќе учествуваат 24 селекции. Половина од нив веќе се познати, а уште 12 ќе обезбедат учество преку квалификациите.

Место на ЕП ќе изборат победниците од седумте групи и најдобрите пет на второто место.