Останати спортови

Кристијан Воденски е голем човек и голем Македонец- покажува како се сака татковината!

-Можеби сум мал, ама знам што сум, напиша македонското чудо од дете Кристијан Воденски, кој претходно му изрази поддршка на македонскиот народ кој секојдневно масовно протестира низ македонските градови за зачувување на татковината.

 

-Сакам Македонско знаме да носам, сакам Македонска химна да слушам кога победувам. Јас ја сакам Македонија, напиша 11-годишниот млад и талентиран борач, кој живее во Франкфурт и кој во вистинско светло ја претставува Македонија.

Ние му порачуваме на Кристијан дека не е мал, туку ГОЛЕМ ЧОВЕК и пред се ГОЛЕМ МАКЕДОНЕЦ. За разлика од некои мали луѓе кои се нарекуваат МАКЕДОНЦИ, Кристијан знае што е и гордо го кажува тоа секаде низ светот.

vodenski-n

Му посакуваме да го носи македонското знаме на својот грб со многу успеси, да ја слуша македонската химна во многу победи и да продолжи да ја сака Македонија на ваков начин, со што ќе им покаже на многу други како навистина се сака својата татковина.