вторник, 21. август 2018. Вести денес: 50
home Останати спортови

Канадскиот тим најдобар во уметничко лизгање

Канадскиот тим најдобар во уметничко лизгање

Репрезентацијата на Канада го освои златниот медал во тимското натпреварување во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

За канадската репрезентација настапија Патрик Чен, Кејтлин Озмонд, Габриел Дејлман, Меган Дјуамел, Ерик Редфорд, Теса Вирту и Скот Моар.

Ова е прво злато за Канада на Олимпијадите во оваа дисциплина.

Второто место им припадна на руските натпреварувачи кои освоија 66 бода, седум помалку од победникот.

На победничкиот подиум се искачија и лизгачите од САД кои на крајот собраа 62 бода.