Останати спортови

Jотовски победник на ИТФ фјучрсот во Грузија

Македонски тенисер Томислав Јотовски го освои ИТФ фјучрсот во Телави, Грузија што се играше за награден фонд од 15.000 долари.

Македонецот денеска во финалето по 3 часа и 48 минути игра го совлада Гиљерме Оласо од Шпанија со 2-1.

Трите сета беа одлучени во тај-брејк (7:6).

Македонецот поведе по првиот сет по 7:3 во тај-брејкот, а во вториот само два поена го делеа од триумфот, но Шпанецот направи пресврт и успеа да го изедначи резултатот по 9:7 во тај-брејкот. Во слична позиција се најде Гиљермо во третиот сет, но сега тој пропушти можност да го освои сетот, а со тоа и мечот и трофејот, па Јотовски откако се спаси од пораз, ја презема иницијативата и го реши мечот во своја корист по 7:4 во тај-брејкот.

Јотовски покрај трофејот и паричната награда од фјучрсот во Телави ќе заработи и нови поени кои ќе му донесат прогрес на АТП ранг листата.