Останати спортови

Јотовски и Алексенко останаа без финале

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски и неговиот партнер Вадим Алексенко од Украина не успеаја да се пласираат во финалето на фјучрс турнирот во двојки што се игра во Анталија за награден фонд од 15.000 долари.

Тие денеска во полуфиналето загубија од Турците Сарп Агабигун и Алтуг Челикбилек со 7:6 (7:4) и 6:0 во гемови.

За пласман во полуфиналето двајцата ќе освојат по 6 поени.

Јотовски е пријавен за настап и на следниот фјучрс што се игра во Анталија.