Останати спортови

Јотовски го заврши настапот на фјучрсот во Тунис

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрс турнирот во Тунис откако попладнево во меч од второто коло загуби од Французионот Габриел Пети со 2-1 во сетови. Мечот траеше 135 минути.

Противникот на Јотовски лесно го доби првиот сет со максимални 6:0 во гемови, а нашиот тенисер успеа да го израмни резултатот откако во вториот сет беше подобар со 6:4 во гемови. Во решавачкиот сет резултатот беше израмнет до 3:3 во гемови, а Јотовски потоа направи брејк и поведе со 4:3. Но, Пети имаше серија од три гема и го доби сетот со 6:4 во гемови.

За пласманот во второто коло Јотовски ќе добие еден поен.