Останати спортови

Јотовски го заврши настапот на фјучрсот во Тунис

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрсот во Хамамет, Тунис (награден фонд 15.000 долари).

 

Тој попладнево заедно со Резарт Цунгу од Црна Гора загубија во четвртфиналето од Стивен Диез (Канада) и Бруно Мардонес (Шпанија) со 2-0 во сетови.

Победничката двојка двата сета ги доби со 6:4 во гемови.

Јотовски вчера во првото коло во сингл загуби од четвртиот носител Џерард Гранољерс-Пујол.

Нашиот тенисер од следната недела е пријавен за настап на фјучрс турнир во Италија за награден фонд од 25.000 долари.