Останати спортови

Јотовски го предаде мечот од 1/4 финалето на турнирот во Унгарија

Томислав Јотовски го заврши својот настап на фјучр турнирот во Будимпешта. Нашиот најдобар машки тенисер во мечот од четврт-финалната фаза против Никола Кун од Шпанија мораше да да го предаде дуелот, откако го повреди рамото.

Јотовски ќе замине на дополнителни медицински прегледи каде што ќе се констатира сериозноста на повредата.

За потсетување, тој во првите две кола одигра маратонски средби и на терените мина вкупно шест часа.