Останати спортови

Јотовски без промена на рангот, скок на другите македонски тенисери

На најновата АТП листа објавена денеска од македонските тенисери најдобар ранг има Томислав Јотовски, кој се наоѓа на 582.место без промена во однос на претходната недела со освоени 49 поени. Јотовски на следното рангирање следниот понеделник ќе има скок откако ќе му бидат запишани и двата поена освоени претходната недела на фјучрсот во Анталија.

Од другите македонски тенисери Горазд Србљак со 3 поени, се наоѓа на 1.421 место (скок од 8 позиции), Димитар Грабул има 2 поена и е рангиран на 1.444 место (скок 10 позиции), Бесир Дургути има 1 поен и е на 1.867 место (скок 21 позиција) и Стефан Мицов има 1 поен и се наоѓа на 1.959 место.

Оваа недела Јотовски и Дугрути ќе бидат дел од фјучрсот во Анталија. Јотовски како осми носител ќе игра со турскиот тенисер Гокберк Ергенеман, додека Дургути за ривал го има Мајк Урбанија од Словенија. На женскиот дел од турнирот во игра на двојки ќе настапи и Магдалена Стоилковска. Таа на ВТА листата се наоѓа на 1.541.место (скок од 7 позиции) со 7 поени, додека Лина Ѓорческа има 200 поени и се наоѓа на 269 место (пад за 2 позиции).