петок, 21. септември 2018. Вести денес: 95
home Останати спортови

Јада на 99-то место во крос-кантри

Откако во спринтот на 1,4 километри беше последен од оние кои стигнаа на целта, во трката на 15 километри тој заврши на 99.место.
Јада на 99-то место во крос-кантри

Ставре Јада го освои 99.место во крос-кантри трката на 15 километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Златото на оваа трка му припадна на Швајцарецот Дарио Колоња, кој стана првиот крос-кантри скијач кој освоил три златни медали во оваа дисциплина. Јада малку го поправи впечатокот во својот вто настап на ЗОИ во Пјонгчанг.

Откако во спринтот на 1,4 километри беше последен од оние кои стигнаа на целта, во трката на 15 километри тој заврши на 99.место.

Траката ја стратуваа 119 скијачи, а на целта пристигнаа 114. Јада оствари време 42:14.4 минути што му беше доволно за 99. позиција.