Останати спортови

Хамилтон најбрз на Силверстоун

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена на патеката „Силверстоун“ за Големата награда на Велика Британија.

За Хамилтон ова беше 57.триумф во кариерата и петти на домашната патека.

Оваа сезона Британецот го оствари четвртиот триумф искористувајќи ја пол-позицијата. Второто место му припадна на неговиот клуски колега од Мерцедес, Валтери Ботас, а на победничкиот подиум се искачи и трето пласираниот Кими Раиконен од Ферари.

По десет одржани трки во Генералниот пласман води Себастијан Фетел кој денеска заврши на 7.место и вкупно има 177 бода, пред Хамилтон кој досега собра 176, трет е Ботас со 154.

Кај конструкторите убедливо води Мерцедес со 330 бода, Ферари има 275, Ред Бул 174,…