Останати спортови

Ѓорческа со пад од 16 места, Јотовски напредуваше три позиции

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа забележа пад од дури 16 места на најновата ВТА ранг-листа објавена денеска.

Ѓорческа, која во изминатиот период немаше настапи на турнирите, а последен и беше во квалификациите на УС Опен, сега е рангирана на 228-место.

Што се однесува на „топ 10“, на ВТА листата, таму нема промени. И натаму Габрине Мугуруза од Шпанија е водечка, пред Романката, Симона Халеп и Елина Свитолина од Украина.

На машката АТП листа, Томислав Јотовски, иако минатата седмица немаше настап, сепак направи прогрес за три позиции и сега Јотовски е на 583-тото место.

Единствената промена меѓу десетте најдобри е на осмата позиција на која сега е Георги Димитров од Бугарија, пред Швајцарецот, Станислав Вавринка кој падна на 9-то место. Лидер и натаму е Рафаел Надал, пред Роџер Федерер.