Останати спортови

Ѓорческа со Најденова се пласираа во полуфиналето во двојки на турнирот во Киасо

Откако утринава се пласира во четвртфиналето во поединечна конкуренција најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа попладнево обезбеди и пласман во полуфиналето во двојки, на фјучерс турнирот во швајцарскиот град Киасо.

 Ѓорческа заедно со својата партнерка Александрина Најденова од Бугарија, кои се први носителски на турнирот, во два сета ги совладаа домашните тенисерки Илена Ин-Албон и Карин Кенел. Првиот го добија со 6-3, а во вториот беа и поубедливи добивајќи го со 6-2 во гемови.

 Ѓорческа и Најденова за место во финалето ќе се борат со Георге од Франција и Сугно од Швајцарија.