Останати спортови

Ѓоковиќ: Чувствувам огромна промена, сега сум друг човек и тенисер

Новак Ѓоковиќ изјави дека има голема промена и е спремен да покаже дека ја враќа старата форма.

 

novak-djokovic-wimbledon-wave_3323185

-Не бев на потребното ниво во последната година. Eдноставно не бев присутен на тениските терени. Но, сега се е поинаку и спремен сум да покажам дека се враќам во старата форма. Можеби требаше да земам подолга пауза по Ролан Гарос за да ги наполнам батериите. Сега сум посвеж и многу подобро се чувствувам од пред недели, а да не зборувам за пред месеци. Морав едноставно повторно да најдам мотивација за игра, изјави Ѓоковиќ.