Останати спортови

Ѓоковиќ четвртфиналист на Мастерсот во Рим

Светскиот тенисер број 2 Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Рим, откако попладнево го совлада Роберто Баутиста со 2-0 во сетови.

 

Двата сета завршија со идентичен резултат во гемови 6:4. Противник на Ѓоковиќ утре во четвртфиналето ќе му биде Хуан Мартин Дел Потро, кој со 2-0 во сетови го победи Кеи Нишикори.

Сите досега завршени четвртфинални дуели имаа ист скор 2-0 во сетови. Милош Раониќ го победи Томаш Бердих, Џон Изнер беше поуспешен од Стан Вавринка, Марин Чилиќ го совлада Давид Гофан, додека Александар Зверев беше подобар од Фабио Фоњини.

Во четвртфиналето ќе играат: Зверев – Раониќ и Изнер – Чилиќ.
Вечерва се играат мечевите: Доминик Тим – Сем Квери и Џек Сок – Рафаел Надал. Победниците од овие дуели ќе играат меѓусебе во следното коло.