среда, 26. септември 2018. Вести денес: 1
home Останати спортови

Ѓоковиќ: Прва цел е да го освојам Австралија опен

Ѓоковиќ кој со шест титули во Мелбурн е рекордер на тој турнир заедно со Рој Емерсон, вели дека има голем мотив.
Ѓоковиќ: Прва цел е да го освојам Австралија опен

Новак Ѓоковиќе е подготвен да атакува на трофејот на Австралија опен. Српскиот тенисер, кој шест месеци беше надвор од терените, во среда ќе го има својот прв меч и тоа на егзибицискиот турнир „Кујонг Класик“.

Прва цел на Ѓоковиќ ќе биде да ја освои титулата на Австралија опен.

„Како и сите останати 127 тенисери, ќе се борам за трофејот, затоа дојдов во Австралија. Сакам да победам во меч и на крајот да го освојам трофејот“, изјави Ѓоковиќ пред првиот Грен-слем турнир во сезоната.

Ѓоковиќ кој со шест титули во Мелбурн е рекордер на тој турнир заедно со Рој Емерсон, вели дека има голем мотив.

„Секоја година имам нов предизвик, напорно работев да ја започнам новата сезона за да бидам подготвен и во топ форма. Со нетрпение го чекам почеток на Австралискиот Опен“, додаде некогашниот најдобар тенисер на светот.

На овој турнир кој стартува утре, покрај Ѓоковиќ ќе настапи светскиот рекет број 1, Рафаел Надал, а во конкуренција ќе бидат и Стен Вавринка, Ник Кириос и Лејтон Хјуит, Деавид Гофан, Доминик Тим, Марин Чилиќ, Пабло Карења Буста и други.

Инаку, првиот Гренд-слем годинава Отвореното првенство на Австралија ќе се игра од 15 до 28 јануари во Мелбурн, на кој трофејот ќе го брани Роџер Федерер.