Останати спортови

ФОТО: Александар Неделковски по десети пат е државен првак во карате

Денеска се одржа Државното првенство во карате организирано од карате федерацијата на Македонија за кадети, јуниори како и У-21.

А на ова државно првенство Александар Неделковски во своите категории издвои убедливи победи со (5:0).

На Државното првенство во карате како и на Александар му судеа судии кои се квалитетни, како и судии од други држави.

Со завршување на ова првенство Александар Неделковски по десети пат стана државен првак и во изминатите 10 години се уште никој не го симнал од првото место.