Останати спортови

Формирани четвртфиналните парови на женскиот дел на турнирот во Индијан Велс

По одигрувањето на мечот меѓу Каролине Возниацки (Данска) и Медисон Кејс (САД) кој заврши со 2-0 во сетови за данската тенисерка познати се двојките за четвртфиналето на ВТА турнирот во Индијан Велс.

За место меѓу четирите најдобри ќе играат:

Елена Веснина – Венус Вилијамс,

Каролине Возниацки – Кристина Младеновиќ,

Анастасија Павличенкова – Светлана Кузнецова и

Каролина Плискова – Гарбине Мугуруза.

Првите три меча на програмата се вечерва, а последниот е во 3 часот по полноќ по средноевропско време.