Останати спортови

Финишираат подготовките за пливачкиот маратон, олимписка дисциплина, во Охрид

За прв пат во Македонија се бодува за олимписка дисциплина за летните олимписки игри кои ќе се одржат во Токио (2020 година).

 

Зегин фарм како генерален покровител на олимпискиот маратон ќе подели за секој учесник поло маица како и пакет органски производи од специјализираните продавници за органска и здрава храна Healthy food by Zegin.

Групацијата Зегин како опшествена одговорна компанија уште од своите почетоци стана препознатлив во својата поддршка на многу спортисти и културно спортски настани во земјава и пошироко.

Во сабота на 12 август точно на пладне пред Хотелот„ Ројал“ ќе започне првото издание на Олимпискиот пливачки маратон на 10 километри. Организаторите финишираат со подготовките и најавуваат квалитетна и неизвесна трка. Специјални луѓе од Светската пливачка федерација (ФИНА) ќе се грижат за регуларноста.

На стартот од маратонот ќе се појават четири македонски пливачи во машка конкуренција Андреј Стојаноски, Александар Илиевски, Илија Стојановски и охриѓанецот Милан Китевски. Натпреварувачи има и од Бугарија, Србија, Холандија и Аргентина.

Конкуренцијата е голема и се очекува неизвесна трка од почеток до крај. Како што најавиваме претходно маратонот ќе се плива кружно, односно еден круг ќе биде 1 километар, а пливачите ќе треба да испливаат 10 круга. Стартот на маратонот во машка конкуренција ќе го означат Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски и врховниот судија Анка Козамерник од Словенија.