Останати спортови

Финале за Ѓорческа и Најденова во игра на двојки на фјурсот во Киасо

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во пар со Бугарката Александрина Најденова ќе играат во финалето на фјучрсот во Киасо, Швајцарија.

gjorceska

Македонско-бугарската двојка (први носителки) во полуфиналето беа подобри од Миртил Жорж (Франција) и Тес Суњо (Швајцарија) со 2-0, по сетови 6:1 и 6:3.

Во финалето ќе играат против четвртите носителки на турнирот, Катерина Крамперова од Чешка и Ван дер Хок од Холандија.

Турнирот се игра за награден фонд од 25.000 долари.