Останати спортови

Федерер: Не сум разочаран, противникот беше подобар

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер е елиминиран во четвртфиналето на УС Опен. Подобар од него беше Хуан Мартин дел Потро од Аргентина.

Федерер го призна поразот и нагласи дека не е разочаран и покрај пропуштена можност да дојде до првото место на АТП листата.

– Искрено не сум фрустриран поради поразот. Одиграв тежок турнир и на некој начин сум и среќен со пласманот во четврфиналето. Налетав на тежок противник  кој реално беше подобар. Дел Потро е заслужено во полуфиналето, а јас со моменталната форма не бев доволно добар да го освојам Грен слемот.

Федерер за до крајот на годината ги најави своите настапи на турнирите во Шангај, Базел, Париз и Лондон.

– Во следниот период ќе се одморам добро, а пота ме чека уште многу работа и подготовка за наста на Мастерс турнирите до крајот на година, истакна швајцарскиот тенисер.