Останати спортови

Елиминација на Мареј и Вавринка на Мастерсот во Монте Карло

Светскиот рекет број, Енди Мареј е елиминиран уште во осминафиналето на Мастерс турнирот во Монте Карло.

Британецот загуби речиси добиен меч во дуелот против Алберт Рамос-Винолас со 1-2 во сетови. Мареј одлично го доби првиот сет со 6-2, но во вториот во иста мера возврати Шпанецот, па го доби сетот со 6-2. Иако, првиот фаворит Мареј во решавачкиот трет сет водеше со 4-0 во гемови сепак Рамос-Винолас потполно се врати во игра и го доби сетот со 7-5.

Настапот во Монте Карло заврши и за третиот носител Стен Вавринка кој со 2-0 во сетови беше поразен од уругвајскиот тенисер Пабло Куевас со 6-4 и 6-4.

Од фаворитите натпревраите завршија и за шестиот Тим, како и деветиот носител Бердих, додека во следната рунда се пласита 4-носител Рафаел Надал.