Останати спортови

Дејан Недев освои злато на Фудокан Куп

Најдобриот македонски натпреварувач во традиционално карате, Дејан Недев освои златен медал во кати за сениори на Европскиот Фудокан Карате Куп „Дунав 2017“ во Виена, Австрија.

dejan nedev

Медали освоија и македонските каратисти во помладите категории. Иван Трпковски освои 3 златни медали во категориите: ката, кихон и кихон ипон кумите за деца до 10 год.

По еден бронзен медал освоија Ведран Андоновски, Димири Влахо и Гоце Гроздан во кати односно во јиу ипон кумите за деца од 12-14 год.

На ЕК во Австрија учество земаа над 160 каратисти од 14 Европски земји.