сабота, 20. јануари 2018. Вести денес: 2
home Останати спортови

Бекер: Федерер е прв фаворит за освојување на Австралија Опен

Бекер: Федерер е прв фаворит за освојување на Австралија Опен
ARCHIV - Boris Becker geht am 17.10.2017 auf dem Gelände des TC Ismaning in Ismaning bei München (Bayern) zu einer Podiumsdiskussion. Becker (49) betrachtet seine derzeitige Lage als Möglichkeit für einen Neustart. Foto: Peter Kneffel/dpa +++(c) dpa - Bildfunk+++

Познатиот тениски ас Борис Бекер, смета дека најголем фаворит за освојување на годинашниов Австралија Опен што почнува во понеделник е Рожер Федерер.

– Доколку некој пред една година изјавеше дека Рафаел Надал и Рожер Федерер ќе се вратат во тенискиот врв, никој немаше да му поверува. Но, сметам дека нивниот квалитет и желбата за игра го направи тоа. Мислам дека тие се гладни за освојување на титули. Федерер е фаворит за освојување на годишнашниов Австралија Опен, додека кај жените не можам ништо да кажам, изјави Бекер.

Тој очекува успешно враќање на неговиот поранешен играч Новак Ѓоковиќ, откако српскиот тенисер повеќе од шест месеци паузираше поради повреда.

Првиот Грен слем турнир годинава Австралија Опен се игра во Мелбурн од 15 до 28.јануари.