петок, 23. февруари 2018. Вести денес: 75
home Кошарка

Загубија со 60 коша разлика: Фијаско на македонските кошаркарки во Италија

Загубија со 60 коша разлика: Фијаско на македонските кошаркарки во Италија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе тежок пораз од 93-33 на гостувањето против Италија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2019 година.

Италијанките доминираа на теренот уште од почетокот на натпреварот, а фијаското го најави фактот дека на Македонија ѝ беа потребни осум минути да ги постигне првите поени, по серијата од 21-0 на домаќинот.

Двоцифрената бројка „црвено-жолтите“ ја минаа дури во третата четвртина во која реализираа 11 поени.

Ниту една македонска репрезентативка не стигна до двоцифрен учинок, а најефикасна беше Митрашиновиќ со девет поени, пред Кметовска, Лазареска, Тантуровска и Парис со по четири поени.

За избраничките на селекторот, Марјан Лазовски, ова е четврти пораз во евроквалификациите, по првите две средби со Италија дома и Шведска на гостински терен и дебаклот против Хрватска од 47-108 во Скопје.