четврток, 24. мај 2018. Вести денес: 74
home Кошарка

ВИДЕО: Повлечен дресот на Пол Пирс

ВИДЕО: Повлечен дресот на Пол Пирс

Бостон Селтикс го повлече дресот со број 34 што го носеше Пол Пирс и го закачи под сводот на „ТД Гарден Арена“ меѓу дресовите на легендите на клубот од Масачусетс.

Пирс со овации беше поздравен од навивачите кои останаа во салата по дуелот со Кливленд.

Клубот на легендарниот свој кошаркар му подари часовник, а на свечената церемонија беа многу познати лица од НБА меѓу кои и членовите на шампионската генерација Кевин Гарнет и тренерот Док Риверс.

Најголем успех Пирс доживеа во 2008 година кога го освои шампионскиот прстен со Бостон и беше прогласен за МВП во финалната серија против ЛА Лејкерс.

Настапуваше и за Бруклин, Вашингтон и ЛА Клиперс.

Пирс е вториот стрелец во историјата на Бостон Селтикс, по Џон Хавличек.