Кошарка

ВИДЕО: Кари казнет со 50 илјади долари

Плејмејкерот на Голден Стејт, Стеф Кари е казнет со парична казна од 50.000 долари поради инцидент на натпреварот со Мемфис.

Кари на дуелот со Мемфис маваше кон судијата со заштитната гума за забите, по што се очекуваше негова суспензија, но раководството на НБА се одлучи само за парична казна.

Голден Стејт Вориорс го загуби дуелот во Мемфис со резултат 111:101, а покрај Кари дуелот предвреме поради исклучување го заврши и Кевин Дурент.

Тренерот на „Воините“ Стив Кер иронично порача дека Кари треба да суспендира десет натпревари, бидејќи „загрозил илјадници луѓе“.