Кошарка

ВИДЕО: Џорџ со интересен роденденски подарок за Вестбрук

Оклахома го победи Далас со 112:99 ноќеска на домашен терен, а најдобриот играч во победничката екипа имаше интересен одговор на прашањеto од новинарите „Што му подари на Вестбрук за роденден?“

– Му подарив 37, одговори Џорџ алудирајќи на бројот на постигнати поени, што предизвика смеа кај претставниците на медиумите.

Џорџ покрај 37 постигнати поени, имаше осум скока и пет асистенции и беше најзаслужен за триумфот на Оклахома. Неговиот соиграч Вестбрук средбата ја заврши со 27 поени, шест скока и пет асистенции.

Во редовите на Далас се истакна Харисон Барнс со 22 поени.