Кошарка

Валкано, опасно и безобразно: Грците крајно неспортски се обидеа намерно да го повредат бисерот на европската кошарка (ВИДЕО)

Ниту со грчко-римски стил Грците не успеаа да го сопрат чудесниот Лаури Марканен. Го тепаа, влечеа, рушеа, но финскиот центар и следна НБА ѕвезда се покажува брилијантно на ЕвроБаскетот, каде е трет стрелец на турнирот.

 

Еве сега видовте колку е посебен, кажа финскиот селектор Хенрик Детман после симултанката на чудесниот Лаури Марканен.

Не беше тоа случајно, а не беше ниту единствен случај.

Марканен пред тоа може да се каже ги уништи Французите, само донесе пресврт со Полска, а ниту Грците немаа решение за него, без никакви дилеми, Марканен е откритие на Европското првенство, ѕвездата на иднината на НБА, 213 сантиметри високиот центар едноставно е брилијантен.

Финска досега има три победи и еден пораз од Словенија, а сигурно оди во 1/8 финалето.

Еден го повлекува за дрес, друг го руши

Младиот Финец, инаку седми пик на овогодинешниот НБА драфт кој ќе игра за Чикаго Булс, каде што заврши откако Минесота го трејдуваше во пакет за Џими Батлер. И се чини дека Булси добија играчиште.

На ЕвроБаскетот тој забива, проигрува… Никој ништо не му може. А пробуваат на сите начини, па и доста валкано, како Грците во последниот натпревар.

Еден во моментот на скокот го влече, што е навистина опасно, а друг го руши. Но, Марканен се крева и продолжува забива.

Коментарот на сите кои ја следат кошарката е дека ова момче е чудесен играч.

На Грција во новата победа на Финска и даде 16 кошови, со шест скокови и една асистенција.

Тој е трет стрелец на првенството со 90 коша од четири натпревари, позади Горан Драгиќ од Словенија кој има 100 коша и Денис Шредер од Германија кој има 92 коша.

Марканен има 22.5 коша по натпревар и 56 проценти шут од игра. Но овие статистички податоци не откриваат колку е уствари овој Финец доминантен. Можеби овие клипови ќе ви откријат.